Англичаните признаваат: ВАР-системот сезонава направи шест грешки во Премиер лигата

Системот за видеоасистенција кој им помага на фудбалските судии да донесат вистински одлуки во спорни ситуации, сепак не е безгрешен. Според независната комисија составена од поранешни фудбалери, клупски претставници и судии, ВАР-системот сезонава направил шест грешки во англиската Премиер лига.

Биле анализирани 48 спорни моменти, а на шест се пронајдени грешки иако е користена ВАР-технологијата. Меѓу грешките е погодокот на Габриел Мартинели во дербито на гостувањето кај Манчестер јунајтед. Мартинени погоди во 12-тата минута, а ВАР-системот го поништи тој погодок кој требаше да им донесе предност на Топчиите. Погодокот беше поништен при наводен фаул над Ериксен на почетокот на акцијата.

Требало да се признае и израмнувачкиот гол на Максвел Корнет за Вест хем на дуелот против Челзи во финишот на средбата. Меѓу грешките се и поништениот автогол на Тајрик Мичел од Кристал палас при ремито без голови против Њукасл, потоа пеналот на Брентфорд во ремито 2:2 со Нотингам форест, црвениот картон на Даглас Руиз од Астон вила при поразот од Фулам со 3-0, како и пеналот досуден за играње со рака на играчот на Астон вила, Лука Дин, во поразот од 3:1 против Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести