Англичаните со луда приказна: Артета и Гвардиола имале таен пакт околу Деклан Рајс!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по секоја цена сака да го донесе Деклан Рајс од Вест Хем, а има обвинување дека тој имал таен договор со Пеп Гвардиола и Манчестер сити да каже дека е заинтересиран за Рајс, со цел Топчиите да платат колку што треба само да го земат фудбалерот за врска.

Директорката на Астон Вила, Ени Алуко, рече дека ова личи на игра на мачка и глушец и се сомнева во шпански пакт.

„Знам како функционираат работите, сум ги користела големите клубови како мамец и сум ги прашувала дали може да испратат понуда за играч кој не им треба. Не ми делува оти Сити вистински сака да го земе Рајс, туку дека Артета му се јавил на Гвардиола и му рекол да испратат понуда со која Артета би ги притиснал газдите на Арсенал да платат уште повеќе“ – вели Алуко.

Манчестер сити има неколку играчи на позицијата на Рајс, вчера го купија и Матео Ковачиќ, па се откажаа од негово ангажирање и сега Арсенал е единствен заинтересиран.

Арсенал понуди 105 милиони фунти, се чека одговор од Вест Хем кој бараше 120 милиони што би било рекорден трансфер во историјата на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести