Англија му даде 10 гола на Сан Марино, но не ја загрози својата рекордна победа

Англија немаше милост кон Сан Марино и вечерва европскиот вицепрвак триумфираше со 10-0, па на таков начин го обезбеди своето седмо учество по ред на Мундијалите.

Оваа победа од 10-0 е една од најубедливите во историјата на англискиот национален тим. Пред вечерва, Гордиот Албион пред 57 години имаше дадено десет гола, тогаш против САД. Рекордната победа на Англија е 13-0 против Северна Ирска, извојувана во ептен далечната 1882 година, но оваа победа над Сан Марино е најубедлива во меч од квалификации за СП.

- Оглас -

Најнови вести