Англија со победа над Австралија се загреваше за дербито против Италија (Видео)

Репрезентацијата на Англија слободниот термин го искористи да одигра пријателски натпревар против Австралија на Вембли во Лондон. “Гордиот албион“ забележа минимална победа од 1-0 со голот на Оли Ваткинс во 57-мата минута.

Англија во квалификациите за Европското првенство е во иста група со Македонија, а во вторник ја очекува дерби дуелот против Италија на домашен терен. Доколку Англија победа, но и ако се поклопат и другите резултати, веќе во вторник ќе може да го прослават пласманот на континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести