Англиската фудбалска асоцијација се срами од своите фанови

Фудбалската асоцијација на Англија го осуди однесувањето на англиските навивачи кои се степаа со полицијата во Порто и од ФА тоа го нарекоа срамен чин. Полицијата објави дека има двајца уапсени нарушувачи на јавниот ред и мир.

Англичаните фрлаа шишиња кон полицијата, по што центарот на градот каде што е фан-зоната за Лигата на нациите изгледаше како бојно поле. Вечерва Англија во Гимараеш игра полуфинале против Холандија.

„Сите виновни кои правеа нереди не може да ги наречеме вистински навивачи на Англија и тие не се добредојдени во фудбалот. Тие поединци го срамат и тимот и илјадниците други англиски навивачи кои добро се однесуваат“, рекоа од ФА.

Околу 18.000 англиски навивачи се очекува да бидат на трибините за време на завршницата од Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести