Англиската сензација следното лето ќе ја наполни касата на Милионерите

Крилниот офанзивец на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо, се подготвува да ги напушти редовите на германскиот вицепрвак по крајот на оваа сезона. Тоа му е јасно и на претседателот Хан Јоаким Вацке, кој е свесен дека за Санчо постои голем интерес од страна на неколку европски гиганти, а најмногу од градските ривали од Манчестер.

Но, Вацке потенцираше дека за да му дозволат на Санчо преселба, понудите треба да бидат повисоки од 100 милиони фунти. Тоа е минималната цена на која е проценет англискиот тинејџер кој воодушеви минатата сезона во Бундеслигата, а пред неколку дена го покори Баерн Минхен во германскиот Суперкуп со гол и асистенција.

Продажабата на Санчо ќе ја наполни касата на Милионерите, со оглед на тоа дека за него потрошија само 8 милиони евра кога го купија од редовите на Манчестер сити во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести