Англиски првак од „златната генерација“ на Лестер дојде кај Димитриевски во Рајо

Клубот на македонскиот голман Столе Димитриевски, Рајо Валјекано, потпиша со напаѓачот Леонардо Уљоа. Аргентинскиот ветеран е познат по тоа што беше дел од „златната генерација“ на Лестер, која ја освои шампионската титула во сезоната 2015/16 во Премиер лигата.

Уљоа стави потпис на едногодишен договор, кој може да се продолжи на уште една сезона доколку Рајо обезбеди враќање во шпанската елита. Минатата сезона играше во мексиканскиот шампионат во тимот на Пачука, а пред тоа четири години ги бранеше боите на англиските Лисици.

Од Аргентинецот се очекува да придонесе со својот голгетерски раскош во учинокот на тимот, со цел Рајо да се врати во Ла Лига една сезона по нивната елиминација.

- Оглас -

Најнови вести