Англиски рулет – Им требаа 24 пенали за решение, промашија голманите и најдобриот пеналџија (Видео)

Фудбалерите на Борнмут и на Кристал палас не можеа да ја погодат мрежата во 90 минути, плус вообичаеното судиско продолжение, а потоа приредија спектакуларно пенал-шоу дури со 24 изведени удари, по 12 за двете екипи.

До десеттата серија немаше утка, а потоа голманот на Борнмут, Асмир Беговиќ не погоди, па Кристал палас беше на прагот на следното коло, но не успеа.

Пеналот, 11-ти по ред за гостите што можеше да ги одведе во следната рунда на Лига купот на Англија, го промаши и голманот на Кристал палас, Вејн Хенеси, па долгата ноќ и пеналите продолжија на „Виталити“ во Борнмут.

Дејвид Брукс, кој го шутираше првиот пенал за Борнмут пак погоди и во 12-тата серија на пенали, а на спротивната страна промаши Лука Миливојевиќ, најсигурниот пеналџија кај Палас, што значеше и елиминација на гостите.

Миливојевиќ е стандарден изведувач на ударите од белата точка во својот тим, беше прецизен како и Брукс на стартот од пенал-шоуто, но потоа не успеа пак да погоди и Борнмут се пласираше во следната рунда на популарниот ЕФЛ-куп.

Во следното коло популарните „цреши“ ќе играат против Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести