Англиските букмејкери не се убедени дека Премиерлигата ќе продолжи на 12 јуни

Англиската Премиерлига можеби ќе продолжи на 12 јуни, а ако денеска се обложите дека тоа ќе се случи, квотата е 1.80. Оваа веројатност од 52 проценти укажува дека обложувалниците на островот не се сигурни дека сезоната ќе продолжи на датумот кој беше планиран и најавуван. Ако мислите дека првенството нема да се игра пред 12-ти јуни, тогаш ќе се обложите на квота од 1.90.

Денеска претставници на 20-те клуба дискутираа за можноста како да продолжи сезоната. Желбата за играње постои, а ќе мора да се игра без публика и на стадиони кои се неутрален терен или стадиони кои не се во населено место. Стадиони кои ги исполнуваат условите се на пример тие на Вест Хем, Арсенал и Манчестер сити, но овие тимови нема да смеат да играат како домаќини на своите стадиони.

Клубовите се надеваат дека на 18 мај ќе почнат со тренинзи, и оти повторно ќе заиграат на 12-ти јуни. Следниот состанок ќе се одржи следниот петок.

- Оглас -

Најнови вести