Изминатото Европско првенство во фудбал донесе убави емоции за нас Македонците бидејќи имавме шанса за првпат да ја видиме нашата селекција на едно големо натпреварување.
Но, тоа зажи и за неколку фудбалери коишто значително си ја подобрија цената на трансфер-пазарот, а еден од нив сврте особено внимание кон себе.
Станува збор за Чехот Патрик Шик, кој на континенталниот шампионат постигна пет погодоци, а еден од нив, против Шкотска беше прогласен за најубав погодок.
Шик игра одлично и во Баер Леверкузен, каде што на 17 натпревари има постигнато 16 погодоци, а сето тоа е доволна препорака за силните англиски тимови да тргнат по него.
Манчестер сити го посакува на позајмица со право на откуп, додека Арсенал и Вест хем нудат по 40 милиони евра.
Засега германскиот тим не е заинтересиран за продажба, но со оглед на сумите што се споменуваат, многу лесно може да го промени мислењето.