Англиско чудо од четврта лига – Форест Грин ќе гради дрвен стадион (Фото)

Раководството на Форест Грин доби зелено светло да го гради својот стадион, кој повеќето ќе биде изграден од дрво и според проекциите изгледа прекрасно.

Членот на Лига 2 во Англија, што по ранг е четврта лига, ќе гради нов стадион со 5 илјади места, а објектот е од висока екокатегорија.

Сопственикот на клубот Дејл Винс најави дека очекува прекрасниот стадион да биде готов најмногу за три години и вели дека ќе биде пример за сите според убавината и според степенот на заштита на околината.

Сепак, целата процедура не одеше толку мазно и одлуката во корист на Форест Грин за да може да го гради стадионот беше 6:4 во градскиот совет.

- Оглас -

Најнови вести