Англиско шоу во првенството и ФА купот

1001 Арсенал – Евертон (20:45 ч.)

Пред помалку од еден месец, Евертон го шокира Арсенал и го победи со 1:0, па сега Топчиите имат дополнителна мотивација да се реваншираат. Арсенал е лидер на табелата, додека Евертон е во зоната за испаѓање, што значи дека секој бод на Карамелите им е „злато“ вреден.

Арсенал го има вториот најдобар напад, но и втората најдобра одбрана, додека Евертон само со 17 гола во 24 меча го има најслабиот напад во Премиер лигата.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.80)

 

1002 Ливерпул – Вулверхемптон (21 ч.)

Сите џокери веќе ги има искористено тимот на Јирген Клоп и сега едноставно кога игра на свој терен, мора да брка победа без разлика кој е ривалот. Вулверхемптон го преслуша Ливерпул минатиот месец и го победи со 3:0, но сега треба работите да бидат променети.

Сепак, кога игра Ливерпул, многу посигурна опција е да се одигра на голови, посебно ако се знае дека одбраните на двата тима се несигурни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

1113 Манчестер јунајтед – Вест хем (20:45 ч.)

Манчестер јунајтед го освои првиот трофеј по пауза од шест години, а Црвените ѓаволи најавуваат дека тоа нема да биде единствен пехар сезонава. Во ФА купот влогот е уште поголем, а дуелот против Вест хем треба да биде неизвесен до самиот крај.

Традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни дуели, немало повеќе од еден гол. Манчестер има четири победи со 1:0, еднаш Вест хем славел со 1:0, што значи дека тој резултат дури е и најреален.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.70)

 

1114 Шефилд јунајтед – Тотенхем (20:55 ч.)

Шефилд јунајтед е второлигаш, но со големи амбиции следната сезона повторно да игра во Премиер лигата. Шефилд во првенството сезонава на свој терен има 11 победи во 17 дуели и секако тоа ќе им биде дополнителен мотив, иако против себе ќе го имаат Тотенхем, тимот кој во последниве 30 дена ги победи Челзи (2:0), Вест хем (2:0) и Манчестер сити (1:0).

Предлог тип: Х2&0-3 (1.79)

 

1323 Осасуна – Атлетик Билбао (21 ч.)

Прв меч од полуфиналето на Купот, па навивачите во Памплона сигурно ќе очекуваат радост на домашен терен. Двата тима се речиси со израмнет квалитет, а тоа го покажува и табелата во првенството, каде што Осасуна има 33 бода, а Атлетик Билбао е со 32 поена.

Фактот дека влогот е голем, се работи за полуфиналето на Куп, треба да значи дека Осасуна мора да ја искористи предноста на домашен терен.

Предлог тип: 1 (3.05)

 

- Оглас -

Најнови вести