Анонимус во Белгија поставува рекорди кои се недостижни и за Левандовски, Мбапе, Бензема, Халанд…

Екипата на Ројал Унион има сезона за памтење. По 31 коло во белгиското првенство, Ројал Унион е лидер во белгиското првенство со дури седум бодови повеќе од Клуб Бриж.

Најзаслужен за овие резултати на Ројал Унион е Дениз Ундав. Напаѓачот е незадржлив и постави рекорд кој е недостижен дури и за најдобрите стрелци во Европа како што се Роберт Левандовски, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе или Карим Бензема.

Ундав досега постигна 24 погодоци во шампионатот, а неверојатно е дека дури 20 ги даде на гостински терен. Тој е единствен фудбалер во Европа кој сезонава постигнал 20 голови на 14 средби на туѓ терен во првенството.

https://twitter.com/i/status/1504804823534694405

Ундав е германски интернационалец кој во Унион Ројал игра како позајмен играч од Брајтон. Тој вкупно даде 25 погодоци во 2 средби во сите натпеварувања сезонава. Унион Ројал вечерва на свој терен игра против Остенде што е шанса за нови голови на стрелецот кој сезонава има уникатен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести