Анри е фаворит на играчите, селектор на Белгија сепак ќе биде творецот на чудото со Саудиска Арабија

Белгиската фудбалскаа федерација, односно нејзините членови го фавоизираат Ерв Ренар за нов селектор на Црвените ѓаволи по заминувањето на Роберто Мартинес, иако поголемиот дел од репрезентативците го сакаат Тјери Анри на тоа место.

Анри му беше помошник на Мартинес долг период, тој е големо име на светскиот фудбал и грото репрезентативци на Белгија сметаат дека може да донесе позитивни промени во селекцијата што разочара на Мундијалот во Катар.

Црвените ѓаволи опасно потфрлија и од еден од главните фаворити за титулата станаа едно од најголемите разочарувања на турнирот.

Ренар, кој е Французин, исто како и Анри на Мундијалот во Катар ја предводеше Саудиска Арабија.

И тие како и Белгија испаднаа во првата фаза на турнирот, но Саудијците не разочараа.

Напротив, направија голем подвиг во првото коло со победа против сега веќе новиот светски првак Аргентина, но потоа со два порази по ред беа последни во нивната група.

Ренар со тоа го сврте вниманието кон себе, а тој е фаворит на белгиската фудбалска федерација за нов селектор на Црвените ѓаволи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести