Анри е легенда на Арсенал, но нема проблем да ангажира играчи од Тотенхем

Играчот за врска Виктор Ванјама ги напушти редовите на Тотенхем и како слободен играч потпиша тригодишен договор со Монтреал импакт. Канадскиот тим кој се натпреварува во американската МЛС лига е предводен од Тјери Анри, легендарниот голгетер на Арсенал, кој се чини дека нема проблем да ангажира член од лутиот ривал на Топчиите.

Ванјама мина четири сезони во дресот на Петлите, но честите повреди во изминативе неколку години го спречија да се врати во првиот состав, иако располагаше со голема самодоверба кај поранешниот менаџер Маурисио Покетино. Под палката на Мурињо отпадна во втор план, па само на 28 години одлучи да се пресели преку Барата.

Капитенот на репрезентацијата на Кенија запиша вкупно 97 настапи за Тотенхем, во кои постигна седум гола.

- Оглас -

Најнови вести