Анри и Виера другарски ги поделија бодовите

Монако и Ница ремизираа при конечни 1-1 во рамките од презакажаното 17-то коло во Лига 1. Средбата го одбележа првиот судир меѓу поранешните соиграчи од Арсенал, Тјери Анри и Патрик Виера, кои како тренери на Монако, односно Ница другарски си ги поделија бодовите.

Сент-Максимин донесе предност за гостите во 30-тата минута од мечот, но Монако брзо се врати во вториот дел, и тоа со помош на технологијата на гол-линијата. Дефанзивецот Бадијашиле беше највисок во скокот при еден корнер на домашниот состав, а по ударот, противничкикот голман не стигна навреме да ја извади топката која ја помина линијата од голот.

Стрелецот на единствениот гол за Ница имаше шанса да им донесе цели три бода на гостите од овој меч, но во 77-maта минута Сент-Максимин не погоди од белата точка.

Монако и по четири средби не може да оствари позитивен резултат, и натаму е во црвената зона со 15 бода, Ница го запиша третото реми во последните пет првенствени средби, па со 30 бода останува на шестото место.

https://www.dailymotion.com/video/x70rii2

 

https://www.dailymotion.com/video/x70rgtw

Резултати Лига 1 (19 часот):

Монако – Ница 1-1 (0-1)

Генгам – Рен 2-1 (1-0)

Ним – Нант 1-0 (0-0)

Тулуз – Лион 2-2 (1-0)

 

- Оглас -

Најнови вести