Анри му даде совет на Мбапе кој нема да им се допадне на навивачите на Реал

Фудбалерот на ПСЖ и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, на први јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи бидејќи ќе влезе во последните шест месеци од активниот договор, а поранешниот напаѓач, Тјери Анри, јавно му даде совет што да направи.

Пред Мбапе се само две опции, да потпише нов богат договор со ПСЖ или да го исполни животниот сон, да го облече дресот на Реал Мадрид.

Претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, последните две години се обидува да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, но ПСЖ со милионски бонуси го убедуваше фудбалерот да остане.

Сега се огласи Анри и неговите зборови нема да им се допаднат на навивачите на Реал Мадрид.

„Да сум на местото на Килијан Мбапе, нема да си заминам од ПСЖ. Би сакал да го завршам тоа што го започнав. Зошто да си оди? Килијан го сака Мбапе, роден е во Париз и тоа мора да го сфатите“, изјави Анри.

Мбапе, пак, одлучи да не се огласува во јавноста и да одговора на шпекулациите за неговата иднина.

- Оглас -

Најнови вести