Анри најде ангажман во МЛС-лигата

Тјери Анри го презеде кормилото на Монтреал импакт, американскиот прволигаш, со кого склучи двегодишен договор со опција тој да се продолжи до 2022 година. Екстренерот на Монако беше без ангажман од почетокот на 2019 година, откако доби отказ од Кнежевството, каде што издржа само 15 недели како тренер.

Анри токму во МЛС-лигата ја заврши фудбалската кариера, се пензионира по авантурата во Њујорк ред булс во 2014 година. Тренерскиот занает го изучуваше во белгиската репрезентација како помошник, а ова му е втор ангажман како главен кормилар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести