Ансу Фати даде гол, тргна да слави, а потоа со својот потег ги воодушеви навивачите на Кадиз (Видео)

Барселона без многу проблеми со 4:0 славеше на гостувањето кај Кадиз во меч кој имаше 45-минутен прекин поради еден немил настан на трибините. На еден постар навивач на домаќините му се слоши, па мечот беше прекинат, а лекарите се бореа да го спасат неговиот живот.

Дваесетина минута траеше борбата на трибините да се спаси човекот, а фудбалерите стоеја на теренот и немо посматраа што се случува. Потоа, главнит судија на средбата реши сите фудбалери да заминат во соблекувалните, а дури откако човекот беше изнесен од стадионот и најверојатно неговото здравје се стабилизира, мечот продолжи.

Само што продолжи средбата, Ансу Фати постигна гол за Барселона за 3:0, младиот напаѓач тргна да се радува на погодокот, но наеднаш застана.

https://twitter.com/i/status/1568767791892758532

Фати не заборави дека само неколку минути претходно на стадионот имаше траорна атмосфера поради борбата за живот на човекот, па веднаш потоа побара извинување од домашните навивачи за тоа што прво славеше за погодокот.

До крајот на дуелот, гол даде и Дембеле, но тој не сакаше да ја направи истата грешка како Фати и воопшто не прослави за погодокот.

- Оглас -

Најнови вести