Ансу Фати убаво ќе се опари од новиот договор

Новата сензација на Барселона Ансумане Фати, ќе доби значително зголемување на платата со новиот договор кој треба да го потпише. Каталонското спортско радио ги објави цифрите на планираните примања на Фати, а знаејќи дека станува збор за 16-годишен тинејџер, младиот офанзивец со потекло Гвинеја Бисау убаво „ќе се опари“.

Според петгодишниот договор, Фати во првата година ќе заработи 300.000 евра, додека во последната сезона истата сума ќе се зголеми за двојно. Договорот му овозможува да ја премине границата од еден милион евра годишно доколку Фати остане во првиот тим на Барса, а како што тргнало, неговите одлични настапи на стартот на сезоната речиси да му гарантираат дека повеќе нема да игра со своите врсници.

Солидна заработка ќе има и неговиот агент, Родриго Меси, братот на Лионел. За него се гарантирани 700.000 евра како премија за склучената соработка.

т

- Оглас -

Најнови вести