Ансу Фати влезе на терен и даде гол после само 76 секунди, Барса го кутна Бетис (Видео)

Барселона го совлада Бетис со 2-1 во интересен меч од шпанската лига, по кој Барса се зацврсти на второто место, а Бетис остана речиси без шанси да игра во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа со гол на Ансу Фати во 76-та минута, само 76 секунди откако влезе во игра. Фати минатата недела се врати после долга пауза поради повреда. Инаку, Бетис е клубот против кој Фати дебитираше во Ла Лига, и клуб против кој се здоби со најтешката повреда во кариерата, во 2020 година.

Изедначи Марк Бартра, кој е поранешен играч на Барселона. Победата на Каталонците им ја донесе Жорди Алба со прекрасен гол во судиското продолжение.

Дани Алвеш стана прв 39-годишник кој играл официјален меч во дресот на Барселона.

Ова е голот на Фати:

- Оглас -

Најнови вести