Антиќ и Мојсовски први им посакаа „добре дојдовте дома“ на нашите фудбалски херои (фото+видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија се врати во Скопје по историскиот настап на Европското првенство, а на скопскиот аеродром фудбалерите беа пречекани како европски шампиони, а не само учесници.

Први во редот да им посакаат „добре дојдовте дома“ застанаа директорот на АМС и ракометна легенда Наумче Мојсовски, како и претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ. Мојсовски и Антиќ му се поклонија на најголемиот Горан Пандев, кој вчера го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести