Анже за еден милион евра купи играч од Арсенал, а го продаде за 25 милиони

Олимпик Лион во најскоро време ќе го официјализира ангажманот на Жеф Рене Аделајде од Анже. Потписот на младиот француски репрезентативец Лавовите ќе ги чини 25 милиони евра, а откако играчот за врска ќе ги заврши медицинските прегледи, ќе потпише петгодишна соработка.

Аделајде пред две сезони се појави на француските терени како играч на Анжер позајмен од Арсенал. Анжер минатото лето го откупи неговиот договор за симболични еден милион евра, а по 47 настапи, Аделајде ќе ја наполни касата на Анжер.

Овој ангажман всушност покажува каков пропуст направиле Топчиите. Тие го негуваа и му овозможија на Аделајде да се развива како фудбалер со цел еден ден да се наметне во првиот тим. Наместо тоа, следуваше продажба која денес челниците на лондонскиот клуб жалат што дозволиле да се оствари.

Инаку, доколку трансферот се реализира до крајот на денот, Аделајде своето деби за новиот клуб може да го запише токму против тимот од каде што заминува. Лион – Анжер е еден од дуелите во второто коло на Лига 1, а е закажан за утре, во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести