Апаратот за мерење температура го фати трема кога на ред дојде Меси (видео)

Интересна ситуација се случи вчера при пристигнувањето на играчите на Барселона на стадионот „Де ла Керамика“ во Вилјареал.

Во пресрет на дуелот против Жолтата подморница, играчите мораа да го поминат протоколот и да измерат температура, а кога дојде редот на Лионел Меси, апаратот го фати трема.

Сите присутни се уплашија дали ќе покаже повишена температура кај Аргентинецот, но сепак се испостави дека апаратот не функционирал прописно во тој момент. Меси потоа излезе на теренот и намести два од четирите погодоци кои Барса ги постигна во триумфот од 4-1 над Вилјареал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести