Арагон во знакот на Маркес

Марк Маркес ја оствари деветтата овосезонска победа во Мото ГП шампионатот, откако денес беше најбрз во трката за Големата награда која се возеше на патеката „Арагон“. За актуелниот светски шампион ова е петта победа на шпанската патека, односно четврта во низа, а ја оствари во неговата јубилејна 200-та трка во кралската класа.

Во ниту еден момент немаше дилеми дека Маркес ќе дојде до нов триумф, откако стартуваше од пол-позицијата и цела трка останатите му гледаа во грбот. На подиумот се искачија уште Андреа Довициозо со својот Дукати како второпласиран, додека Џек Милер заврши со трето најбрзо време, откако Австралиецот во последниот круг го претрка Винјалес за третото место.

 

- Оглас -

Најнови вести