Арапи му нудат богатство на Озил

Арапскиот клуб Ал-Наср му нуди богатство на Месут Озил за да го напушти Арсенал во овој преоден рок. Годишна плата од 16 милиони евра го чека Германецот во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, што е за четири милиони евра помалку од примањата кои ги заработува на „Емирати“.

На Озил му остана уште една година од договорот со Топчиите кои го плаќаат по 20 милиони евра годишно, сума која не ја оправдува со оглед на тоа дека ја грее клупата и нема доверба од менаџерот Микел Артета.

Ал-Наср моментално преговара со агентот на Озил со надеж дека ќе остварат согласност за трансфер, а потоа ќе треба да се одреди сумата за која ќе се откупи договорот на Германецот.

- Оглас -

Најнови вести