Арапите сакаат да купат европски великан кој неодамна отвори свој камп во Дубаи

Фудбалот сè повеќе се наоѓа под големо влијание на милионите кои пристигнуваат од Арапскиот Полуостров. Италијанскиот и европски великан, Милан, неодамна отвори свое претставништво и тренинг-центар во Дубаи, главниот град на ОАЕ. Најавено е дека клубот од Милано таму ќе ги изведува подготовките и ќе игра пријателски натпревари, а Арапите најавуваат дека дури и првенствени натпревари на Милан од Серија А ќе се играат во Дубаи, опција која во моментов изгледа нереална.

Во склоп на тренинг-центарот ќе има и младинска академија која треба да ги собере талентираните фудбалери од Арапскиот Полуостров, но сега водечките луѓе на ОАЕ најавуваат и купување на Милан. Тие се заинтересирани да го преземат управувачкиот пакет на великанот, иако тоа ќе им оди тешко бидејќи се работи за клуб со милиони навивачи, кај кои сигурно дека ќе има отпор и протести. Сепак, кога се во прашање арапските милиони, се чини дека ништо не е невозможно.

- Оглас -

Најнови вести