Араухо има скршена коска во вилицата, но ќе игра против Жирона

Уругвајскиот дефанзивец и привремен капитен на Барселона во отсуство на голманот Марк-Андре тер Штеген, Роналд Араухо, на мечот со Атлетико Мадрид се здобил со фрактура на коска во пределот на вилицата.

Араухо се повредил при еден дуел со Маркос Љоренте во првото полувреме, кога играчот на Атлетико со копачка го закачил Уругваецот. И покрај болката, Араухо го доигра мечот, а сака да се жртвува и претстојниот викенд на средбата со опасната Жирона.

Наместо да оди на операција за санирање на повредата, Араухо решил да не отсуствува и да игра со маска против Жирона. Лекарскиот тим на Барса најавува дека Араухо во следните три недели ќе треба да игра со заштитна маска и потоа очекуваат целосно закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести