Арбелоа му одговори на Чави: Голот на Иниеста на „Стемфорд бриџ“, тоа е среќа

Иконата на Барселона, Чави Ернандес даде контроверзна изјава пред неколку дена дека Кралевите имале многу среќа што освоиле три последователни титули во Лигата на шампионите. Со неговиот став Чави го отфрли квалитетот на Реал Мадрид, но дочека контраодговор од поранешен член на тринаесеткратниот европски првак.

„Три титули во низа, односно четири во пет години не е среќа, туку искуство и квалитет. Реал направи нешто невидено и тешко дека некој ќе го повтори тоа. Среќа имаше Барселона на „Стемфорд бриџ“ во 2009 година. Со играч помалку и без удар во рамките сè до израмнувачкиот гол на Иниеста во судиското надополнување за пласман во финалето. Е, тоа е среќа“, истакна Алваро Арбелоа.

Речиси да нема фудбалски фан кој не се сеќава на контроверзниот реванш-натпревар меѓу Челзи и Барселона во полуфиналето од ЛШ. Домаќините имаа минимално водство и беа на чекор од пласман во финалето, пред Иниеста да израмни на 1-1 и на тој начин Каталонците со голот на гости стигнаа до финалето, а потоа и самата титула. Меѓу другото, тимот на Пеп Гвардиола избегна најмалку три пенали, а норвешкиот арбитер Том Хенинг Овербро неколку години подоцна призна дека им наштетил на Сините што не им досудил барем еден пенал.

- Оглас -

Најнови вести