Арбитер од Премиер лигата ќе ни ја дели правдата против Грузија

Ентони Тејлор е судијата кој ќе ја дели правдата меѓу Македонија и Грузија во Тбилиси на 12 ноември, мечот кој за нас е од историско значење во битката да обезбедиме прв пласман на претстојното Европско првенство.

УЕФА ја додели задачата на арбитерот од Премиер лигата да биде делител на правдата, а помошници ќе му бидат Гери Бесвик и Адам Нан. ВАР-технологијата ќе се употребува во историскиот натпревар за Македонија, во собата ќе бидат Пол Тирни и Стјуарт Атвел.

Што се однесува за Тејлор, тој еднаш ѝ судел на Македонија, во март 2015 година, кога нашата селекција загуби од Белорусија со 1-2 на домашен терен. Во меч во којшто играла селекцијата на Грузија не судел, а неговата статистика од септември годинава влева одредена доза на страв.

Тејлор во изминатиов месец и пол делеше правда на девет меча во сите натпреварувања, досудил 10 пенали. Во тие девет средби, покажа вкупно 36 жолти картони и еден црвен, што значи дека не се двоуми да санкционира.

- Оглас -

Најнови вести