Арда Гулер му даде поддршка на Мбапе: Верувам во тебе (Фото)

Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид со големи очекувања од навивачите на клубот, но неговиот старт не се одвива како што се надеваа тој и неговите соиграчи. Иако Реал ја заврши минатата сезона со освојување на Лигата на шампионите, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, клубот одлучи да се засили со Мбапе и младата ѕвезда Ендрик од Палмеирас.

Сепак, Мбапе сè уште не ги постигнува головите кои се очекуваат од него, а Реал Мадрид веќе забележа две ремија на почетокот од сезоната, губејќи четири бодови.
Критиките од навивачите започнаа, особено кон Мбапе, кој треба да ја подигне својата форма за да ги оправда големите очекувања.

Поддршката дојде од неговиот млад соиграч Арда Гулер, кој преку социјалните мрежи го охрабри Мбапе со пораката „Верувам во тебе“ и бело срце.


Оваа поддршка сигурно го радува Мбапе, додека навивачите на Реал Мадрид се надеваат на подобри настапи од нивниот нов напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести