Фалангата пак ќе грмне – Распродадени се сите билети за мечот меѓу Македонија и Чешка

Македонската ракометна репрезентација утревечер од 19 часот ќе го одигра реванш-финалниот меч од баражот за СП против Чешка кој ќе се игра во арената „Борис Трајковски“.

Ракометната федерација, пак, на својот официјален профил на Фејсбук објави дека сите карти се распродадени за овој натпревар, а ги соопшти и сите технички процедури за навивачите.

„Почитувани ,
Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар Борис Трајковски, за пласман на СП 2023 POL/SWE помеѓу македонската сениорска репрезентација 🇲🇰 и репрезентацијата на Чешка 🇨🇿 се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката.
Бидете информирани на денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот.
Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација.
Со ❤ за Македонија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰!“ се вели во текстот на РФМ.

За потсетување, првата средба меѓу Чешка и Македонија заврши со резултат 24:24.

- Оглас -

Најнови вести