Аргентина ќе биде раат за Мундијалот, селекторот Скалони останува до 2026 година (Фото)

Аргентинците симнаа едно гајле непосредно пред стартот на фудбалскиот Мундијал во Катар и се договорија со селекторот Лионел Скалони да го продолжи договорот до 2026 година.

Поранешниот играч на Депортиво Ла Коруња, Вест хем, Лацио, Аталанта и неколку јужноамерикански екипи се покажа како многу успешен селектор на Гаучосите.

Тој ги предводеше до пехарот во Копа Америка лани во Бразил, што им е прв трофеј на Аргентинците од 1993 година.

Скалони е селектор на Аргентина од 2018 година и ќе направи низа од најмалку 8 години ако успее да остане до крајот на новиот договор што е важечки до 2026 година.

Ноќеска со победата против Јамајка од 3:0 Аргентинците ја продолжија блескавата серија од 35 меча без пораз и сега им е потребно да останат непоразени на трите дуели во фазата по групи на Мундијалот за да бидат апсолутни рекордери, пред Италија, која сега е на врвот со серија од 37 меча без пораз.

Гаучосите ќе играат во Ц групата во Катар против Саудиска Арабија на 22 ноември, четири дена подоцна против Мексико и на 30 ноември со Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести