14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Аргентина не го менува селекторот што им ја донесе светската титула

Аргентинската фудбалска федерација го продолжи договорот со селекторот Лионел Скалони.

Човекот кој во декември минатата година со Гаучосите стана светски шампион, ќе остане на клупата на Аргентина до 2026 година, односно до следниот Мундијал што ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Скалони освен што триумфира на Светското првенство што се одржа во Катар, со Аргентина стана и шампион на Јужна Америка откако во финалето беше победен големиот ривал, селекцијата на Бразил.

https://twitter.com/Argentina/status/1630257061358362625?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести