Аргентинец и Италијанец се фаворити за наградата тренер на годината

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави трите имиња кои останаа во игра за наградата најдобар тренер во 2022 година.

Во најтесниот круг останаа Аргентинецот Лионел Скалони, кој со Гаучосите стана светски шампион, потоа Италијанецот Карло Анчелоти, кој со Реал Мадрид триумфира во Лигата на шампионите и во Ла Лига, и Шпанецот Пеп Гвардиола, кој со Манчестер сити триумфира во Премиер лигата.

Ова значи дека од трката за признанието на ФИФА, испаднаа селекторите на Франција и Мароко, Дидие Дешан и Валид Реграгуи.

ФИФА исто така ги објави и кандидатите за наградите и во женска конкуренција, а победникот ќе се избира меѓу Швеѓанката Пиа Сандхеџ, која е селекторка на Бразил, Соња Бомпастор, која е тренер на Олимпик Лион, и селекторката на Англија, Сарина Вигман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести