Аргентинец има 24 години, а веќе играл за десет клуба во девет држави

Лукас Онтиверо не е познат за пошироката фудбалска јавност во Европа, но аргентинскиот фудбалски „глобтротер“ на 24-годишна возраст веќе зад себе има искуство од играње дури во десет различни држави низ светот и ги носел дресовите на десет клуба.

Онтиверо професионалната кариера ја почнал во уругвајски Феникс, од каде што во 2014 година направи убав трансфер во Галатасарај за 1,8 милиони евра. Сепак, веднаш беше позајмен, па настапуваше за Газијантеп, Хонвед, Олимпија Љубљана и Монтреал импакт.

Во 2017 година, како слободен играч, премина во чилеански Универсидад де Чиле, а шест месеци подоцна се пресели во мексикански Венадос. Се разбира, и таму не остана повеќе од половина година, па премина во Чакарито во Аргентина и таму остана три месеци.

Во мај минатата година стигна во малезискиот клуб ЈТД, каде што е и денеска. Најмногу настапи има за Монтреал – на 22 меча даде четири гола.

Иако има само 24 години, може да каже дека играл во Аргентина, Мексико, Уругвај, Унгарија, Словенија, Канада, Чиле и Малезија, а којзнае, можеби еден ден ќе дојде и во македонското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести