Аргентинец со гол како Роберто Карлос од 1997 година (Видео)

Аргентинскиот фудбалер Карлос Фондакаро постигна гол од слободен удар сличен на оној легендарниот на Роберто Карлос од Купот на конфедерациите од 1997 година, кога со надворешниот дел на копачката ја испрати топката околу живиот ѕид, а топката потоа доби чудна ротација и сврте кон мрежата од голот.

Фондакаро, кој во минатото има играно и за Бока јуниорс, го привлече вниманието со погодок на натпреварот помеѓу неговиот Спортиво Десампарадос и Депортиво Маипу од четвртата аргентинска лига. Спортиво победи со 1-0, а единствениот гол во 12-тата минута беше вистинска мајсторија. Разликата помеѓу овој гол и оној на Бразилецот Карлос беше што овој беше шутнат со десна нога и откосо.

„Видов дека голманот малку е излезен напред и решив да шутнам директно во голот. За среќа, топката леташе токму како што посакував и влезе во гол. Ова ми е најубав гол во кариерата“, објасни јунакот Фондакаро.

 

- Оглас -

Најнови вести