Аргентинскиот интернационалец и сè уште член на Бетис, Гвидо Родригес, нема да биде нов фудбалер на Барселона. Триесетгодишниот фудбалер неодамна беше најавен од медиумите како ново засилување за Каталонците, кој пристигнува како замена за Ориол Ромеу во средниот ред, но сега и дефинитивно нема ништо од тој трансфер.
Родригес во Барселона требаше да пристигне по барање на веќе поранешниот тренер, Чави Ернандес, но по назначувањето на Ханси Флик, фудбалерот добил повик дека Барселона не смета на неговите услуги и тој може да си бара нова фудбалска средина или да остане во Бетис.
Трансферот беше потврден и од самиот фудбалер, кој среќен изјавуваше по медиумите дека тоа е остварување на неговиот сон, но на крајот излезе дека нема ништо од тоа.

