Аргентинскиот великан ќе го менува клупскиот амблем во чест на Марадона (фото)

Десетина дена по смртта на Диего Марадона, светот заедно со Аргентина уште тагува за заминувањето на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Целиот спорт му оддаде почит на Дон Диего, човекот кој го подигна најпопуларниот спорт на повисоко ниво, но Бока јуниорс сака да направи уште еден гест.

Имено, двајца членови на управниот одбор на Бока поднесоа службено барање да се промени клупскиот амблем, односно над грбот да се додаде ѕвездичка во која ќе стои бројот 10, во чест на Марадона.

Марадона во два наврати го носеше дресот на клубот за кој навиваше, на почетокот и крајот од својата кариера, поточно на „Ла Бомбоњера“ ја заврши играчката кариера. Бидејќи е миленик на навивачите, а воедно е и клупска икона, управниот одбор на Бока на следниот состанок ќе гласа околу промена на амблемот.

- Оглас -

Најнови вести