Аргентинците со свое мислење: Емилијано Сала можел да ја избегне несреќата

Пред да потпише за премиерлигашот Кардиф сити, аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала од Нант бил цел на Лацио, Сампдорија и Удинезе, па медиумите во неговата родна земја сметаат дека ова што му се случи било само лоша судбина. Доколку Сала потпишел за некој италијански клуб, можеби ќе ја избегнел катастрофалната судбина и прераната смрт.

Сала загина во авионска несреќа патувајќи од Франција кон Велика Британија, каде што требаше да ја продолжи кариерата.

За неговите услуги летоска се интересирале Лацио, Удинезе и Сампдорија, но тој уште неколку месеци остана во Нант, па во зимскиот трансфер-период потпиша за велшкиот премиерлигаш Кардиф за 17 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести