Ариза тргна за Лос Анџелес, заврши како засилување за Вашингтон

Тревор Ариза беше најавуван како можно засилување на Лос Анџелес лејкерс, но кариерата ќе ја продолжи во Вашингтон визардс, како дел од размената меѓу Феникс санс и клубот од главниот град на САД.

Ариза играше одлично сезонава за Феникс, но на тимот му треба свежа крв и помлади играчи, па за Тревор во размената ги добија 23-годишниот Кели Убре јуниор и три години повозрасниот Остин Риверс.

Вашингтон се обиде да го ангажира 33-годишното крило пред почетокот на оваа сезона, но Ариза потпиша едногодишен договор со Санс за 15 милиони долари. Сепак, желбата на раководството на Визардс се оствари и Тревор ќе игра за нив, иако имаше најави дека е можно да замине во Лос Анџелес лејкерс, или во Мемфис.

- Оглас -

Најнови вести