Арминија го отпакува подарокот за 115-тиот роденден – Билефелд слави пласман во Бундеслигата

Арминија Билефелд е нов прволигаш по победата од 1:0 против Дармштад вечерва. Клубот од Билефелд слави 115-ти роденден што го наполни на 3. мај, а ова е најубавиот подарок за сите во тимот и за навивачите.

Мануел Притл со победнички погодок во 52-рата минута и практично го потврди пласманот на Арминија во Бундеслигата, иако лидерот беше речиси сигурен прволигаш и пред овој меч.

Клубот од Билефелд по 18-ти пат ќе биде член на најсилната германска лига, а големи шанси на две кола пред крајот да им се приклучи има и Штутгарт, екипа за која игра Дарко Чурлинов.

Штутгарт е на второто место на табелата со еден бод предност пред Хамбургер и ако ги добие последните два меча, ќе биде нов прволигаш.

Во Втората лига и третопласираната екипа има шанса за пробив во Бундеслигата, но само ако во два бараж-дуели биде подобра од 16-топласираната екипа во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести