Арне Слот добива отказ, Џерард го презема кормилото на Ливерпул?

По серијата резултати што не ги исполнија очекувањата, притисокот врз актуелниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, станува сè поголем. Црвените и денеска не успеаја да слават, откако примија гол за конечни 1-1 против Тотенхем во 90-тата минута од мечот.

Според дел од британските медиуми, раководството на клубот разгледува различни опции доколку резултатите во скоро време не се подобрат. Управата наводно сака навреме да реагира со цел да ја спаси сезоната.

Ливерпул оваа сезона имаше неколку неубедливи настапи, што предизвика незадоволство кај дел од навивачите. Клубот, кој е навикнат да се бори за трофеи, моментално се обидува повторно да пронајде стабилност.

Во таква ситуација сè почесто се споменува името на клупската легенда Стивен Џерард. Поранешниот капитен на Црвените наводно внимателно ги следи случувањата околу својот поранешен тим.

Според информациите што пристигнуваат од Англија, Џерард е подготвен да реагира доколку добие повик од „Енфилд“ и е отворен за можноста да го преземе тимот до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести