Арне Слот: Верувам дека и следната сезона ќе го предводам Ливерпул од клупата

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази уверување дека постојат сите услови да остане на чело на тимот и во следната сезона.

Холандскиот стратег нагласи дека има важечки договор со клубот и дека, според досегашните разговори со раководството, нема индиции за промена на неговата позиција.

„Не мислам дека ќе ја донесам таа одлука сам. Имам сите причини да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул и следната сезона. Прво, имам договор со клубот. Второ, можам да го кажам тоа врз основа на сите разговори што ги имавме досега.

Мислам дека светот дојде до точка каде што, ако еден менаџер или клуб нема најдобра сезона, секогаш има дебата. Тоа е насекаде во светот, не само во Ливерпул. Тоа е новата реалност во фудбалот. Не е моја работа да ги судам луѓето што ме судат. Тие имаат целосно право да имаат свое мислење“, изјави Арне Слот.

Слот потенцираше и дека веќе се прават планови за летната турнеја, како и разговори за потенцијални нови засилувања, во кои и самиот е вклучен.

Во јавноста се споменува и дека и покрај послаба сезона, раководството на Ливерпул не планира промена на клупата, иако како опција во медиумите се поврзува и Чаби Алонсо, кој во моментов е слободен или достапен според одредени извештаи.

- Оглас -

Најнови вести