Арнолд со „бомба“ го уништи Гладбах во 90+1 минута (видео)

Волфсбург ја доби пресметката против Менхенгладбах со 2-1 во мечот од 15-тото коло во Бундеслигата. Волците со погодок во судиското надополнување спречија нов подвиг на тимот од Борусија, а извонредниот гол на Арнолд го задржа Лајпциг на лидерската позиција на табелата.

Двете екипи уште во првите 15 минути ги тресеа мрежите на „Фолцваген арената“. Шлагер стрелаше за 1-0 во корист на домаќините, а веќе во следниот напад Емболо го израмни резултатот. Се чекаше дури првата минути од судиското надополнување, за Арнолд да го постигне решавачкиот гол со кој Волфсбург стигна до шестата победа сезонава.

Извонредниот погодок на Германецот можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести