Арсенал 40 години не можеше да победи во Лутон, вечерашнава победа ќе се памети!

Лутон за првпат по 32 години даде три гола на еден прволигашки меч во Англија, но тоа не му беше доволно да освои ни бод против актуелниот лидер на премиерлигашката табела, Арсенал.

Топчиите победија со 4-3, а победничкиот гол на Деклан Рајс падна во 97-мата минута. Арсенал претходната победа во Лутон ја имаше извојувано во далечната 1984 година, и тоа во јануари што значи 40 години без еден месец.

Вечерва во првите 60 минути од средбата паднаа шест гола, а потоа половина час мрежите останаа незатресени. Гостите од Лондон имаа предност од 2-1 по првото полувреме, па Лутон набрзина дојде до 3-2, за на крај сепак Арсенал да освои три златни бода во трката за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести