Арсенал е кус за 15 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, на Баерн му фалат десет за Мане

Арсенал понуди сума од 50 милиони евра за ангажман на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ и тој е прва опција на Микел Артета во конкуренција на Бисума, Тилеманс и Невеш, кои исто така се потенцијални засилувања на Топчиите во летниот преоден рок.

Проблем за англискиот клуб е што Сергеј има договор со Лацио што важи уште две години и клубот од Рим бара отштета од 65 милиони евра.

Лацио може да чека и да си го исполни барањето, но Милинковиќ-Савиќ сака да си замине, па Арсенал според англиските медиуми ќе се обиде да го ангажира и да се исценка за сума нешто поголема од 50 милиони евра.

Во слична ситуација е и Баерн Минхен во обидот да го купи Садио Мане. Баварците почнаа со понуда од 25 милиони евра, па стасаа до 40 милиони, а Ливерпул бара 10 повеќе, односно точно 50 милиони евра.

Германските медиуми објавија дека шампионот на Германија нема да се откаже, исто како и Арсенал, а и двете екипи се обидуваат да ја намалат отштетата за Милинковиќ-Савиќ, односно за Мане.

 

- Оглас -

Најнови вести