Арсенал го чува капитенот со понуда од милион фунти месечно

Арсенал има приоритет во летниот преоден рок и веднаш реагираше за да го задржи капитенот Пјер-Емерик Обамејанг. Понудата за поголема плата изнесува еден милион фунти месечно, или поточно 250 илјади фунти неделно за Габонецот, кој има договор со клубот од Лондон до следното лето.

Ако прифати, Обамејанг би имал за 70 илјади фунти поголема неделна плата од досегашната во Арсенал. Капитенот на Топчиите има 31 година и уште една година од важечкиот договор со клубот.

Се шпекулираше дека има понуди од неколку клубови, пред сè од Реал Мадрид и од Барселона, но засега нема ништо конкретно.

Обамејанг во Арсенал пристигна во јануари 2018 година од Борусија Дортмунд, за сума од 56 милиони фунти. Првата полусезона на прилагодување во Арсенал ја заврши со 10 гола на 13 меча, а во следните две дава 20 или повеќе голови.

 

- Оглас -

Најнови вести