Арсенал го доби тоа што го сакаше: Италијанскиот репрезентативец од Челзи се пресели на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал постигна договор со градскиот ривал Челзи за трансфер на Жоржињо. Лидерот во Премиер лигата го договори Бразилецот кој игра за италијанската репрезентација и ќе остане на „Емирати“ до јуни 2024 година, што значи дека договорот е на една и пол сезона.

Актуелниот договор на Жоржињо со Челзи истекуваше за шест месеци, но овој тим успеа да го продаде сега и да заработи 12 милиони фунти. Доколку не го продадеше до крајот на денот, Жоржињо ќе останеше на „Стемфорд бриџ“, а потоа во летниот преоден рок ќе си заминеше без пари.

- Оглас -

Најнови вести