Арсенал го освои ФА купот и му ја репризираше 2017 на Челзи во вечер во која Топчиите пукаа рекорди (Видео)

Арсенал уште еднаш покажа дека има фудбалски велемајстори кои знаат да го освојат пехарот во ФА купот и вечерва со победа од 2:1 против Челзи го освоија 14. рекорден пехар во националниот Куп на Англија.

Притоа им ја репризираа 2017 година на ривалите од Лондон, кога двете екипи играа финале во истиот куп, а Арсенал и тогаш победи со 2:1.

Вечерва успехот беше надополнет со неколку остварувања за историја. Арсенал само си го подобри рекордот во ФА купот со 14. трофеј и му побегна на Манчестер јунајтед за два чекори на вечната листа.

На „Вембли“ вечерва блескаше Пјер-Емерик Обамејанг со два гола за победникот, а Габонецот стана прв капитен на тим што го освоил пехарот во ФА купот, а потекнува од Африка.

Најпрво со гол од пенал во 28. минута популарниот Оби успеа да израмни на 1:1 и да ја анулира предноста на Челзи со голот на Кристијан Пулишиќ во петтата минута.

Потоа капитенот на Топчиите беше и меч-винер со прекрасниот гол во 67. минута што му го донесе 14. трофеј на тимот од Лондон.

Во историската книга со рекорди се впиша и Микел Артета. Шпанецот е првиот човек што успеал да го освои пехарот во ФА купот и како играч и како тренер.

Во 2014 година Шпанецот играше во финалето за Арсенал против Хал и помогна да се освои пехарот со победа од 3:2 по продолженија.

Вечерва шест години подоцна како тренер го предводеше тимот на Топчиите до нова куп-круна во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести